Прилепчанец повреден во сообраќајка во Мариово

На 15.03.2021 во 14.07 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат с.Витолиште, прилепско, кај влез за с.Штавица, патничко моторно возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(57) од Прилеп, удрило во метален заштитен браник на коловозот и излетало од коловозот, информира МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи