ВИДЕО – Вработените во прилепскиот музеј обвинуваат за незаконски откази и за мобинг од страна на директорот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Дел од вработените во Заводот и Музеј Прилеп дадоа поддршка на нивниот колега Цветан Цветковски кој доби отказ затоа што наводно неправилно го пријавил своето отсуство кога бил позитивен на Ковид 19 лани во ноември. Цветковски дека е позитивен го известил директорот на Установата преку СМС порака, пракса што, според вработените, самиот директор ја воспоставил. Но кога Цветковски се вратил на работа добива отказ. Вработените и синдикатот во музејот сметаат дека Комисијата за дисциплинса постапка е формирана спротивно на законот, дека се прекршени одредбите од Законот за работни односи и дека Управниот одбор воопшто не го разгледал приговорот.

 

 

„Вработениот се терети дека не поднесол соодветно писмено барање за отсуство за периодот за кој му било одобрено отсуството иако колегата се обидел да поднеси такво барање но не му биило овозможено од страна на правната служба поради отсуство на вработеното одговорно лице“, рече Александар Цветкоски, вработен во музејот.

 

Вработените го обвинија директорот и за мобинг и нарушени меѓучовечки односи. За ова го известиле, градоначалникот, но и пратениците и функционерите во Прилеп од СДСМ, кои не им помогнале. Сега бараат враќање на колегата на работа, но и средба со Министерката за култура и претставниците на синдикатите за да се средат проблемите во музејот.

Мобинг од страна на скратување на некоии основни услови за работа, форсирање на некои други колеги повеќе од потребното. Мобинг во врска со пандемијата, начин на кој се третираат некои колеги од неговата страна, како да го регулираат отсуството на кој начин, а со други поинаку се решаваат овие работи. Во изминативе 2 години на одредени колеги им се минимизираа нивните заложби за напредок во работата“, додаде Душко Темелкоски, вработен во музејот.

Директорот пак на музејот Благоја Атанасоски истакна дека неможел да коментира ништо бидејќи станувало збор за судска постапка поради престанок на работен однос на вработениот поради повреда на работен ред и дисциплина, а по претходно водена дисциплинска постапка. Нема одговор ниту за обвинувањата на вработените за мобинг.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи