ВИДЕО – Хоџа: За ситуацијата со вишокот виновни се тутунарите кои протестираа, ќе се откупи целиот вишок тутун

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Започна откупот на околу 1,5 милиони килограми вишок на тутун. Министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, истакна дека ќе се откупи целиот вишок на тутун, но не кажа која компанија колку вишок ќе откупи. Нагласи само дека поголемиот дел ќе го откупел државниот Тутунски Комбинат Прилеп. За целата ситуација ги обвини тутунарите кои штрајкувале и порача да не се произведува надвор од договорите.

 

 

„Да немаше протести и запирање на откуп немаше да има потреба за вакви дополнителни нарушувања на целиот процес и притоа да се размисли за вакви инцидентни чекори што нормално го нарушуваат целиот процес. Реално ако сите се придржуваат на договорите, а тоа е мојот апел до сите и ќе биде постојано преку целата година, нема да има проблем ниту со цена, ниту со откуп, ниту со вакви ситуации со коии се занимаваме цела година“, истакна Аријанит Хоџа,министер за земјоделство.

Од новоформираните тутунски здруженија пак демантираа дека поради протестите тутунот не се откупил затоа што и додека имало штрајкови пунктовите работеле. Обвинија дека на тутунарите никој не им кажува каде да се пријавуваат за да однесат вишок на тутун.

„Тутунот не остана заради тоа што ние протестиравме, ние протестиравме и откупот си течеше непречено. Ако на ова се вадат институциите дека поради штрајковите е тутунот останат е лага. Неорганизацијата на самите институцииии доведе до сето ова. Ваков ќе повторам катастрофален откуп во Македонија немало во последните 30 години“, истакна Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Од Сојузот на земјоделски здруженија пак се задоволни од тоа што ќе се откупел целиот вишок.

„Моментално денеска ќе бидат отворенио 14 пунктови, а очекуваме утре да овтворат и останатите компании. Што значи дека бројката ќе биде зголемена до понеделник“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Тутунарите исто така побараа вишокот тутун да се откупува реално, а не само колку да се земи. Обвинија и тоа дека на тутунарите се уште не им се дадени картони за пакување на овој тутун.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи