Караџовски: Ме нема често во медиумите, не сакам да станам како турска серија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Тоа што не нема во медиумите често, не значи дека не работиме. Ние одиме на работа и редовно ја следиме ситуацијата и тука и во околните земји, во Европа и во светот, рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, кој денеска по подолго време одговараше на новинарски прашања.

„Причините зошто не се појавувам често на медиумите е дека не сакам да станам како турска серија и да избегнеме постојано да се поставуваат исти прашања со исти одговори. Јас секогаш кога има потреба, како што денеска ме повика министерот за здравство, можам да доаѓам на прес-конференции“, рече Караџовски.

На прашањето дали се потребни поголеми рестрикции кај нас, Караџовски рече дека засега такво нешто не е потребно тука.

„Ние ја следиме состојбата на дневна основа, во однос на бројот на заразени, состојбата во болниците, расположивиот медицински кадар… Состојбата сега не е иста како во ноемеври лани, кога имавме 1 450 заразени дневно, немавме ни 600 болнички кревети ни медицински персонал на располагање како сега, тогаш правевме максимум 3 500 теста, сега 4 000…  Јас имам во главата и сценарио А, Б и Ц, но тоа засега не е потребно“, рече Караџовски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи