Караџовски: Одлуката дали ќе се спроведе пописот е политичка, не одлучува Комисијата за заразни болести

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

На денешната прес-конференција, претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски истакнува дека одлуката за спроведување на пописот е политичка, и за тоа не одлучува комисијата.

 „Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме, понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или ќе нема попис, на кој начин ќе се спроведува, а ние дадовме повеќе опции за спроведување на пописот“, рече Караџовски.

Во однос на епидемиолошката состојба, Караџовски посочи дека има зголемен број на заразени, но дека се уште може да се менаџира.

„Во самиот дом кај семејството што се попишува, дали се работи за стан, куќа, индивидуално, и дали може да се спроведува попис со одредени епидемиолошки параметри коишто се однесуваат на превенција, тоа значи задолжително носење на заштитна маска за попишувачот и лицата кои ќе бидат попишани, дистанцата која треба да се одржува, користење на заштитна маска, користење на дизенфекциски средства, дистанца од повеќе метри, вклучително и дистанца која што треба да се спроведува и во надворешни услови“, појасни Караџовски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи