Комисија од МРТ ќе одлучи дали Васил Гарванлиев ќе не претставува на Евровизија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформена е комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на Евросонг, Васил Гарванлиев.

„МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ“, изјави Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

„Иако со евровизискиот спот за “Here I stand“ имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера. Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане“, напиша Гарванлиев на својот статус на Фејсбук, откако во јавноста делото на Вангели го смешаа со бугарско знаме.

 

Гнев во јавноста предизвика и признанието на Гарванлиев дека уште пред 20 години има бугарски пасош за да не го депортираат од САД. Откако веста за бугарскиот пасош предизвика нова лавина реакции, сега на социјалните мрежи се споделуваат и петиции во кои се бара Гарванлиев да не ја претставува Македонија на годинашното издание на Евровизија.

 

Во моментов кружат две петиции, а во првата има и барања:

Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.

  1. Претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гавранлиев воопшто не ја претставува Македонија;
  2. Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија (што за секој неупатен би требало да значи дека Струмица и Бугарија се едно);
  3. Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека Македонскиот Народ е создаден по 1944-та;
  4. Во неговиот спот „случајно“ некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме.

БАРАМЕ:
– ОЈО да утврди одговорност за ноторна повреда на авторските права на Ж. Вангели – Да се утврди одговорноста на продуцентот за повреда и на угледот на државата со про-бугарски обележја;
– Надомест на МАТЕРИЈЛНА и МОРАЛНА штета и суспензија на одговорните лица од работно место;
– Од страна на МРТ веднаш да се откаже настапот и да престанат понижувањата на Македонскиот Народ;
– Замрзнување на учество на македонски претставник до расчистување на овие скандали и утврдување објективни мерила и критериуми за избор на песна и учесник.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи