Непознати бактерии откриени на Меѓународната вселенска станица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Четири нови соеви на бактерии се откриени на Меѓународната вселенска станица, од кои три се целосно непознати за научниците.

Истражувачи од САД и Индија, заедно со агенцијата НАСА, изолираа три од овие четири видови во 2015 и 2016 година. Едниот беше пронајден на горниот панел на ISS, другиот во куполата (опсерваторија), а третиот на површината на масата. Четвртиот сој е пронајден во стариот филтер кој бил вратен на Земјата во 2011 година.

Сите четири соеви припаѓаат на семејството на бактерии кои се наоѓаат во почвата и свежата вода, кои помагаат во растот на растенијата и елиминирање на растителните патогени. Астронаутите со години одгледуваат помали количини храна на вселенската станица, па не е ни чудо што таму се пронајдени растителни микроби, пишува Science Alert.

Непознат вид на бактерии

Бактериите пронајдени во филтерот припаѓаат на веќе познатиот вид Methylorubrum rhodesianum. Сепак, по секвенционирањето на преостанатите три соеви, утврдено е дека сите припаѓаат на исти, претходно неидентификувани видови. Овие соеви беа именувани: IF7SW-B2T, IIF1SW-B5 и IIF4SW-B5.

Генетичарот Свати Бијлани од Универзитетот во Јужна Калифорнија и неговите колеги предложија овој нов вид бактерија да го носи името Methylobacterium ajmalii по Аџмал Кан, познат индиски научник.

„За одгледување на растенија на екстремни места со минимални ресурси, потребна е изолација на нови микроби кои им помагаат на растенијата да растат во стресни услови“, објасниле генетичарите Кастури Венкатесваран и Нитин Кумар Синг од ЈПЛ, институт на агенцијата НАСА, пренесува порталот Индекс.

Гените кои го стимулираат растот на растенијата

Бидејќи веќе знаеме дека овие микроби можат да преживеат тешки услови на ISS, научниците спроведоа генетска анализа на овие четири соеви за да идентификуваат гени кои можат да се користат за стимулирање на растот на растенијата.

Откриле дека еден од соевите, IF7SW-B2T, има гени вклучени во растот на растенијата. Меѓу нив е и оној кој поттикнува поделба на клетките во корените и ластарите.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи