Поштенски камиони во весели бои против мрачноста на короната

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во обид да се избори во мракот на епидемијата на корона вирусот, канадски пост реши да донесе малку радост со тоа што од сега натаму поштенските камиони кои ја обиколуваат земјата се во весели бои.

„Во 28 градови на Канада 37 шарени возила секојдневно ќе ги пренесуваат писмата, пакетите, со цел барем за момент да се измами насмевка кај граѓаните кои ќе излезат да ја преземат поштата“, пренесуваат канадските медиуми.

Секој е украсен со големо сонце и слика на камион во боите на канадската пошта (сина, бела, црвена) како вози во виножито, со натпис „благодарам“ со големи букви.

Дизајнерот Ендру Луис за францускиот печат изјавил дека ќе биде забавно, изјавувајќи дека луѓето „полуделе од изолација“ поради епидемијата на коронавирус.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи