Филипче: Обезбедувањето на вакцини е војна, се очекува да проработи Ковакс системот до крајот на месецот или почетокот на следниот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

До вчера вакцинирани се 5.300 здравствени работници кои работат во ковид центрите и се директно исложени на вирусот, потенцираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека продолжуваат преговорите со сите производители за набавка на вакцини, додавајќи дека треба да профунционира за краток период и ковакс механзимот, преку кој земјата ќе добие 100.000 вакцини.

„Свесен сум дека набавката не оди со посакуваната динамика, но обезбедувањето на вакцини во буквална смислам на зборот е војна. Побарувачката неколку кратно ја надминува понудата. Неизвесноста е голема. Ние пристапивме сериозно, но има голем притисок врз произвподителите, и дури каде што има директни договори, се доцни со испораката, нема друга причина, тоа е причина зошто се доцни, правиме се што е во наша моќ. Откако ќе се набават брзо и ефикасно ќе ја спроведеме вакцинацијата, а дотогаш граѓаните да ги почитуваат сите мерки“, изјави Министерот за здравство Венко Филипче.

До крајот на овој месец или почеток на следниот се очекува да профункционира Ковакс системот, од каде земјава очекува околу 100.000 вакцини.

„За набавките, тоа што најмногу се очекува, со оглед на промените и информациите од добавувачите, овој процес може временски да се одолговлечи, но до крај овој месец и следниот очекуваме да профункционира КОВАКС системоти ковакс, очекуваме околу 100.000 вакцини“, додава Филипче.

Нашите информации од вчера се дека Фајзер го подига нивото на внимателност со сите земји со кои преговара и ќе бара од сите земји посериозни критериуми за безбедност.

„Денес ќе го добиеме тој документ. И тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите од овој договор“, рече Филипче.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи