Минималната плата се зголемува за 446 денари, ќе изнесува 15.401 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Од 14.955 денари, законски загарантираната минимална плата во државата во март ќе се зголеми за повеќе од 400 денари, на 15.401. Бруто минималната плата која сега изнесува 21.776 денари наредниот месец ќе се зголеми за 690 денари и ќе изнесува 22.466 денар.

Ова е редовно усогласување што се прави секоја година во март. Минамалната плата се усогласува со една третина од порастот на просечно исплатената плата во државата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ за претходната година, според податоците што ги објавил Државниот завод за статистика.

Сојузот на синдикатите на Македонија во неколку наврати побара усогласувањето на минималната плата да биде повисоко и таа да изнесува 60 проценти од просечната плата.

„Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно, со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од болеста имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство. Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60 отсто од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976 денари“, велат од ССМ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи