Прва книжарница на тркала од „Антолог“ ќе вози низ цела Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје од денеска е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.

Новата, подвижна книжарница на „Антолог“ официјално ќе почне со работа денеска, во 12 часот, на Плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува својата локација низ целата држава, доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори дури и на најнеочекуваните места.

„Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што за жал бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која сме особено горди. Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевн настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“.

Во новата книжарница на тркала на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од поновата продукција на оваа издавачка куќа, а од денеска само во оваа книжарница ќе може да се набават и три најнови изданија, тукушто излезени од печатница: долгоочекуваната Умешноста да ја креирате вашата реалност на Ана Бучевиќ, новата книга Мечкоград од мегапопуларниот автор Фредрик Бакман, како и емотивниот роман Измиен грев од Сара Омар.

За време на првиот официјален работен ден на книжарницата на тркала на плоштадот во главниот град, сите книги ќе се продаваат по намалени цени, а организаторите најавуваат и голема наградна игра, како и гостување и потпишување книги на многу домашни автори, меѓу кои и годинашниот добитник на Роман на годината и кандидат за наградата „Балканика“, Владимир Јанковски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи