ВИДЕО – Прилепската музичка фела фрлена на работ од егзистенцијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

„Ова повеќе не се издржува. Имавме разбирање за се, цела година преживуваме како знаеме и умееме. Ниту ни дозволуваат да работиме, ниту пак имаме некаква помош од државата…“, – вака ја раскажуваат својата мака дел од стотината прилепски музичари, кои веќе цела година се заборавени од државата. Исправени пред  застрашувачката неизвесна иднина, тие јавно го кренаа својот глас, барајќи од властите и ним да им излезат во пресрет, односно и за нив да донесат соодветни протоколи за работа. Во спротивно, се закануваат со блокади на Плетвар.

 

 

„Останати сме без работа една година. Никој за нас ништо не се секира… Значи, без политички заднини си бараме само, ако може да заработуваме за егзистенција на нашите фамилии, ништо повеќе…Многу тешко се снајдуваме и мислам дека потешко уште иди… Мислам дека многупати бевме изманипулирани од другиве музички здруженија… некои музичари добија некоја помош од пакет, некој од Владата, мислам во Прилеп дека беа максимум десет души што ја добија таа помош… Имаше селекација, и кај нас настана револт – кој ја прави таа селекција, значи некој од Скопје, од некое Музичко здрижение, и тој треба да одбере кој ќе земе пари…“, изјави, долгогодишниот музичар од Прилеп, Марјан Трајковски.

Овие луѓе, тврдат дека биле соочени со големи, неосновани притисоци и од јавноста, која ги обвинувала дека биле навикнати на лесна, а голема заработувачка и дека сега, во време на пандемија, кога особено во Прилеп, бројот на заразени е застрашувачки висок, не се труделе да си најдат алтернативни, побезбедни извори на приходи, односно да побараат некакво вработување, наместо да инсистираат на тоа да започнат со свирките.

„Се обидов да барам работа, и на „Огласи“, и на „Вработување мк.“, но навистина е минимален одѕивот некој да ме побара за интервју, или ако имаш некој што ти е пријател, или некаде некој да те препорача..исто така, доста лоша е работата што до 29 години, половина државата плаќа придонеси, а над 29 години, треба газдата фул придонеси да плати, ретко кој од газдите се нафаќаат да ти платат фул придонеси, а притоа секој ти бара искуство, а ние тоа искуство го немаме, зашто сме биле во некоја друга бранша“, – вели Гордана Костоска – естраден уметник од Прилеп.

И двајцата наши соговорници, единствени се во ставот дека се чувствуваат дискриминирани во однос на другите категории граѓани во земјава. Велат дека не бараат милостина од државата, туку само еднаков третман со сите. Истовремено, отфрлаат и било каква политичка инструираност од било кого, бидејќи, како што појаснуваат, се работело за нивната лична и егзистенцијата на нивните семејства.

Министерот Филипче пак, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека луѓето од оваа бранша требало да имаат разбирање за актулената состојба и дека засега не требало да се надеваат на било какво олабавување на рестрикциите, што би подразбирало враќање на музичарите на работа.

 

Автор : Каролина Дурло

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи