Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците на расправа во Уставен суд

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Уставниот суд информира дека денеска ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција, познат како Преспанскиот договор, и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците. Судиите ја донесоа оваа одлука по неколкуте одржани работни состаноци на кои биле разгледани прашања поврзани со овие предмети, односно по пристигнатите иницијативи во меѓувреме.

Во контекст на Преспанскиот договор, ќе се разгледува и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи.

Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани, додека за Законот за употреба на јазиците  поднесени се вкупно 13 иницијативи започнати од 2019 меѓу кои на Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Светскиот македонски конгрес, професорките Солза Грчева и Тања Каракамишева, како и граѓани.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи