Камчев: Боки успеа да направи цел град мајмуни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Денес пред Кривичниот суд на судењето за „Меѓународен сојуз“ бизнисменот Орце Камчев сведочеше дека обвинетиот Бојан Јовановски му нудел да инвестира на локации во Струга и Охрид за старски домови, односно дека за оваа инвестиција ќе добие 20 проценти субвенции од државата.

„Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажаа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра. Јовановски се фалеше со слики со премиерот пред мене. Дека 20% ќе бидат субвенционирани од Труд и социјала. Тоа е Бојан твојот неуспешен договор и откако те откачив, почна твојата приказна. Вака беше изманипулирана власта на која Бојан се повикуваше цело време. Ти понудив 150.000 евра од „Систина“, 150.000 евра преку „Орка“, тие се платени на твојата телевизија, Јасна Мандиќ може да потврди се. Сето тоа без субвенцијата и без државата укажуваше на загуба“, рече Камчев.

Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека истата не учествувале во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски.

„За „Меѓународен сојуз“ знам само дека бил над англиската амбасада и се вртеа бизнисмени со торби. Бојан успеа да направи цел град мајмуни“, заклучи Камчев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи