„Луда куќа“ – драма на „Слободно Театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

„Луда куќа“ е драма изведена од Драмската секција „Слободно Театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп по повод патрониот празник на училиштето, октомври 2016 година.

„Луда куќа“ – драма преку која учесниците сакаат да претстават едно малку необично семејство каде секој живее „во свој филм“. Вработен татко, кому му е преку глава од моменталната состојба, се обидува да ја преземе контролата и да стави крај. Но сето баш и не оди по планот. Непланираните „нови членови“ во семејството, неочекуваната посета од родителите, а и самото запознавање со „избраникот“  од својата ќерка, само ја зачинуваат лудоријата која владее во куќата. Многу интриги, смеа, бркотници и музика – во еден ден и во една куќа, која со право се нарекува „Луда куќа“.

Но, се е добро кога добро ќе заврши. Запамтете: Господ да ве чува од лоши луѓе, лоша среќа и мрзи!

Текстот е на Филип Стојаноски, под менторство на професорката Билјана Тинтоска.

Улогите ги толкуваат:
Константин Василески
Филип Стојаноски
Фросина Јованоска
Антониј Колески
Теодора Трајкоска
Валерија Павлеска
Марија Шијакоска
Ангела Јагуриноска
Круме Талески
Хари Тасески
Андреј Ристески

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи