Македонија, Словачка и Чешка заеднички ќе чествуваат – „По трагите на светите Кирил и Методиј“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Македонија, Словачка и Чешка заеднички ќе чествуваат манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“. Овој настан годинава е вклучен во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Република Чешка, Република Македонија и традиционалниот домаќин – Република Словачка.

Премиерот Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, кој на средбата го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“, Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка.

Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, истакна премиерот Заев на средбата.

 

 

Заев на средбата предложи оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 – годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

На средбата со амбасадорот Маркуш се разговарало и за взаемната соработка меѓу Словачка и Македонија во процесот на европските интеграции на нашата земја, како и за економската соработка за која има потенцијали за дополнителен развој.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи