По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески ќе се одржи онлајн тркалезна маса

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денес ќе одржи онлајн тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Настанот се одржува како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

На тркалезната маса ќе се обратат Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во  Северна Македонија, Анета Дучевска, декан на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Андреј Александрович Липгарт, декан на филолошкиот факултет  на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносо. Модератор на настанот е проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева, директор на Рускиот центар.

Во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса е замислена како уште еден начин да се осветли личноста и делото на Блаже Конески, овојпат низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски на која ќе се дискутира на следниве теми и тоа на руски и на македонски (како работни јазици):  Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и  перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век.

За руските мотиви и влијанието на руските поети во творештвото на Конески ќе зборуваат  Ала Шешкен и   Елена Верижникова од Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За патувањата на Конески во Русија и за неговото значење и улога во развојот и афирмацијата на македонистичките студии во Москва ќе се осврнат Димитар Пандев и Максим Каранфиловски од  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека Весна Мојсова-Чепишевска од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе зборува за развивањето на културната соработка меѓу Северна Македонија и Русија, за улогата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и Рускиот центар како продолжувачи на плодната и успешна соработка меѓу овие две земји.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи