Мајмуните во две зоолошки во Чешка комуницираат преку „Зум“

Слично како и луѓето периодов, така и шимпанзата во две чешки зоолошки градини сѐ почесто се забавуваат со новиот начин на видеокомуникација во живо на интернет, наречен „Зум“.

Поради недостатокот посетители, и затворањето на знаменитостите поради пандемијата на коронавирусот, шимпанзата во Сафари паркот во месноста Двур Кралове и во Зоолошката градина во Брно може да се гледаат секој ден во живо на видеобим. Мајмунчињата, меѓу другото, исто така покажале и поинакво, „почовечко“ однесување кога јаделе, на пр., додека се гледаат на екраните.

„Отпрвин, нивниот пристап кон екранот беше одбранбен и заканувачки, па тие не комуницираа така добро со него. Но, полека, го прифатија стилот „Јас сум во филм“ и „Гледам телевизија“, вели Габриела Линхартова, одговорна за установата во Двур Кралове, 135 километри источно од Прага.

Видеоврските, кои се емитуваат и на интернет-страницата „Сафари парк“, одат секој ден од 8 до 16 часот, сѐ до крајот на март, кога одговорните ќе одлучуваат дали ќе продолжат со тоа.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи