ВМРО на Каракачанов: Ако Македонија не го испрати, Гарванлиев в година ќе пее за Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

ВМРО на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов денеска излезе со партиско соопштение во кое вели дека ќе работи на тоа следната година Васил гарванлиев да ја претставува Бугарија на Евросонг, доколку Македонија го повлече од овогодинешниот настап.

„Евровизија“ е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Со што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее. Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму. И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ, се вели во дел од соопштението на партијата предводена од бугарскиот министер за одбрана која е дел од владеачката коалиција.

Изминатите денови МРТ соопшти дека ќе формира комисија да го преиспита настапот на Гарванлиев откако првично во кадар на неговиот спот се појави уметничко дело кое потсетува на бугарското знаме, а потоа беше покрената петиција тој да не учествува на Евросонг затоа што имал два пасоши.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи