Истекува рокот за пријавување во Агенцијата за вработување за лицата кои претходно доцнеа со пријавување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска истекува рокот што Агенцијата за вработување им го даде на лицата кои доцнеа со пријава во евиденција на невработени лица да отидат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска.

До 18 февруари 54 илјади лица доцнеа со пријава за евиденција на невработени лица (активни баратели на работа) и други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа) во АВРСМ, изјави тогаш директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири.

„Јавно ги повикуваме сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на АВРСМ во наредните 30 дена почнувајќи од утре, да дојдат во Центрите за вработување каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели на работа“, рече тогаш Демири.

Доколку не се пријават, Агенцијата за вработување ќе биде приморана да ги избрише овие лица од евиденцијата на невработени лица, со што ќе ги изгубат првата што ги имаат врз основа на овој статус.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи