Колку должат граѓаните на поранешна Југославија?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Статистиката вели, по Хрватите најмногу должат граѓаните на Словенија кои во кредити должат 11 милијарди евра. На трето место се Србите. Нашите северни соседи се задолжени 10 милијарди евра.

Граѓаните на Босна и Херцеговина, пак должат пет милијарди евра. Со долг од три милијарди евра македонските граѓани се претпоследни по задолженост во регионот. Најмалку задолжени во регионот се Црногорците со 1,4 милијарди евра.

Меѓутоа, кога овие резултати ќе бидат поделени со последните показатели по глава на жител, излегува дека најзадолжени се Словенците, а најмалку Србите по глава на жител.

Па така, по глава на жител секој Словенец должи 5,286 евра. На второ место се Хрватите. Еден Хрват е задолжен со 4,208 евра и е втор по задолженост меѓу поранешните Југословени. На трето место најзадолжени граѓани се Црногорците кои по глава на жител должат по 2,239 евра. Босанците се негде на средина во табелата. еден Босанец должи 1,536 евра.

Веднаш зад нив сме ние, претпоследни на табелата по задолженост по глава на жител. Секој Македонец должи по 1,452 евра.

Последни на листата од поранешните жители на СФРЈ Југославија се Србите. Секој Србин е задолжен соо 1,443 евра и е најмалку задолжен од граѓаните на некогашна Југославија.

Интересно е, сепак, да се види колку порасна задолженоста на граѓаните во овие земји во пандемијата во 2020 година. Општо, таа порасна на ниво на неколку проценки – најмалку во Хрватска (1,8 проценти), а најмногу во Србија (11,2 проценти).

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи