Прилеп – лидер во црните статистики поврзани со ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Скопската општина Аеродром има најмногу активни случаи на ковид-19 и меѓу скопските општини и во државата, а потоа следуваат Карпош и Центар. Од другите општини во земјата, најмногу заболени во моментов има во Прилеп, па во Кавадарци и во Охрид. Што се однесува до бројот на починати од ковид-19, најмногу смртни случаи има во Прилеп, па во Куманово, а од скопските општини на врвот е Гази Баба, покажуваат податоците кои МКД.мк ги добил од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Бројот на активни случаи заклучно со вчера изнесуваше вкупно 13.909, а на починати 3.403 лица.

Во Скопје најмногу заболени има во Аеродром-1.261, во Центар и Карпош има по 1.017, во Гази Баба 924, во Кисела Вода 880, а во Ѓорче Петров 591. Од општините низ државата Прилеп е во моментов најмногу активни случаи-899, потоа е Кавадарци со 599, Охрид со 491, Куманово со 450 и Неготино со 421 активен случај на ковид-19.

Податоците од ИЈЗ покажуваат дека по општини, на врвот на листата по смртни случаи од ковид-19 е Прилеп со 252 починати, па Куманово со 173, Битола со 144, а во Скопје најмногу починати има во Гази Баба-142.

Во продолжение се податоците за состојбата со ковид-19 во сите општини во државата.

Извор: МКД.мк

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи