Струшката болница доби нов директор, поранешниот заменик-министер за здравство, Арменд Арслани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Поранешниот заменик-министер за здравство, Арменд Арслани, е назначен за нов директор на болницата во Струга, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Арслани беше заменик-министер во претходната влада. Беше избран во ноември 2019 година, кога тогашниот заменик Асим Муса поднесе оставка по пишувањата во медиумите за барање мито.

Арслани ќе ја преземе директорската позиција во Струга од гинекологот Мухамед Асани, кој периодов беше актуелен по случајот со родилката на која беа отстранети јајник, бубрег и матка, но и по тоа што Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) откри нерегистрирана гинеколошка ординација во неговиот дом, за што струшкото обвинителство оформи и предмет.

„Докторот работи согласно неговите ингеренции, смената не беше само заради овој случај (со родилката), беше и во делот на оние наводи кои во делот на своите ингеренции беа наод на ДСЗИ, така што ќе почекаме да завршат сите процеси и ќе дадеме коментари за тие работи“, рече министерот Филипче на прашањето дали гинекологот ќе продолжи да работи во болницата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи