Видео на СТАНИЦА П.Е.Т. – Правна едукација за борба против корупција

 

Правна едукација na СТАНИЦА П.Е.Т. за борба против корупцијата.

 

Што е корупција и судир на интереси?

 

„Корупцијата” е негативна појава во општеството. Таа претставува злоупотреба на функцијата, службената должност или положба заради остварување лична корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

Во „Судир на интереси“ пак се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите службени должности и одговорности.

 

 

Какви видови корупција имаме?

 

Пасивна корупција – Доколку некое службено лице бара, прима или прифаќа некаква корист, услуга или средства

Активна корупција – Кога се ветува или се дава некаква корист, услуга или средства

 

Корупцијата се дели и на :

 

  • Висока корупција
  • Средна корупција
  • Ниска корупција

 

Во зависност од тоа која функција ја имаат сторителите на коруптивни активности во хиерархиската поставеност на државната и на јавната администрација.

 

Во Високата корупција се вклучени највисоко рангирани т.е. позиционирани функционери и/или политичари – и најчесто вклучува злоупотреба на поголем износ пари. Нивната позиција е таква што може да носат одлуки за сите граѓани, па така нивното корумпирано работење носи најголема штета.

Средната корупција е лоцирана кај средниот слој во државната хиерархија, што значи кај сите службеници кои се извршители, односно кои треба да спроведуваат одлуки донесени од повисоко работно ниво.

Ниската корупција се одвива помеѓу најниските слоеви на администрацијата, на пример – јавни службеници, полицајци, здравствени, образовни, судски, царински, општински, културни, шалтерски работници и останати др.

 

Форми на корупција :

 

„Црна“ или криминална корупција – опфаќа повеќе криминални активности за кои надлежните судови изрекуваат судски пресуди, а на сторителите им изрекуваат кривични казни. Во овој вид корупција сите фактори се опфатени и се на високо ниво.

„Сива“ или прекршочна корупција – овие коруптивни дејствија се на самата граница меѓу правото и неправото.

Во сива корупција влегуваат :

 

  • Непотизмот кој претставува коруптивно однесување кое се однесува на вработување и/или унапредување блиски роднини во државната и јавната администрација.
  • Кронизмот е слично коруптивно однесување како и непотизмот кое се однесува на вработување и/или унапредување блиски пријатели во државната и јавната администрација.
  • Политичката патронажа – претставува коруптивно однесување кое се однесува на вработување и/или унапредување на партиски членови на високи позиции во државната и јавната администрација.

 

„Бела“ корупција – ги подразбира оние коруптивни однесувања што во определени средини, поради културната матрица и вредносните сфаќања, не се сметаат за неморални, па со оглед на тоа не се правно санкционирани.

 

Каде можеме да препознаеме корупција во секоја сфера од општественото живеење :  

 

  • Политичка корупција
  • Корупција во судството
  • Корупција во полицијата
  • Корупција во образованието
  • Корупција во здравството
  • Економска корупција

 

Доколку се соменваш дека си жртва или сведок на корупција и сакаш истото да го пријавиш? Тоа можеш да го направиш во :

 

  • Државна комисија за спречување на корупцијата
  • Народен правобранител
  • Кривична пријава до Јавно Обвинителство
  • Пријава до Министерство за внатрешни работи
  • Поведување судска постапка
  • Граѓански организации

 

СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп е здружение кое обезбедува правен совет, упатување до институции и правна помош при пријавување на случаи на корупција и судир на интереси. Услугите се бесплатни и строго доверливи!

 

  • Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп
  • Ул. Прилепски бранители 24/1 – мезанин (наспроти поштата)
  • Секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
  • 048/620-900 или 076/278-753, достапна 24/7
  • www.stanicapet.org.mk
  • www.facebook.com/stanicapet
  • stanicapet@gmail.com

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи