Кафеава мечка бркала човек по улиците во Русија – го спасил автобус

На улиците на сибирскиот град Нижњевартовск е снимено видео на кое се гледа како мечка брка човек кој се обидува да избега од неа.

Возач на автобус забележал како мечка брка човек, кој во последен момент истрчал пред автобусот. Притоа автобусот удрил во мечката, спасувајќи го човекот. За среќа никој од учесниците во инцидентот не бил повреден, вклучувајќи ја и мечката.

Според очевидците, пред да го нападни човекот, уплашената мечката долго време била бркана од кучиња.

Мечката инаку престојувала на територијата на еден локален хотел. Сопственикот имал две мечки кои ги набавил од ѕиркус, мајка и ќерка со цел да привлече гости во својот хотел. Двете мечки биле навремено вакцинирани и за двете имал валидна дозвола за чување.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи