Паднаа првите пријави за лихвари во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Граѓаните се охрабрија, и анонимно телефонски почнаа да ги пријавуваат лихварите. За половина месец, од 1ви март откако бројот е во функција, има 37 пријави. Полицијата работи на расветлување на случаите.

„Од воведувањето на телефонскиот број 0800 00 201, вкупно 37 граѓани пријавиле лихва. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на сите пријави од граѓаните“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи неодамна почна оперативна акција која има за крајна цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство. За ова кривично дело следи парична казна или затвор до три години.

„Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин: „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“ и „Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист“, стои во соопштението на МВР.

Граѓаните ќе можат преку бесплатниот телефонски број да споделат секакви корисни информации поврзани со ова кривично дело.

Во текот на изминативе години во полициските билтени имаше информации за поднесени пријави против лихвари од повеќе градови, Куманово, Прилеп, Битола, при што беше наведено дека некои земале месечна камата од 10 отсто, а имаше и случај во Кавадарци каде лихвар наплатувал месечна камата од 200 отсто.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи