Филипче: „Астра Зенека“ е дефинитивно безбедна, јас прв би се вакцинирал

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Европската агенција за лекови (ЕМА) е релевантна институција која денеска потврди дека не станува збор за компликации или причинско последични врски од примената на вакцината „Астра Зенека“, рече министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на Телевизија 24.

„Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцирањето со „Астра Зенека“. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско последична врска. Релевантна инстутуција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе денеска со став дека дефинитивно не станува збор за компликации, поради кои треба да се прекине. Дефинитивно вакцината е безбедна и нема причинско последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи“, изјави Филипче.

На прашањето дали би се вакцинирал прв со вакцина на „Астра Зенека“, министерот одговара потврдно.

„Да дефинитивно“, вели Филипче.  

Тој со резерва најавува дека на 31 март треба да пристигнат кинеските вакцини во земјава, а дози од вакцината „Астра Зенека“ се очекуваат на истиот датум и на 15 април.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи