Изгоре хангар со 80 скапоцени автомобили

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Повеќе од 80 скапи спортски автомобили исчезнаа во пламенот во округот Чешир во северозападна Англија, во пожар во кој изгоре салата во која беа паркирани.

Меѓу нив беше и Ferrari LaFerrari, еден од најскапите автомобили во поранешната колекција, но и единствен што не изгоре целосно. Тој беше едрн од 499-те произведени, а неговата вредност беше над еден милион фунти (1.160.000 евра).

Меѓу уништените автомобили беше и Jaguar XJ220, еден од 287 произведени. Тоа бил највредниот модел во колекцијата, кој, наводно, бил проценет на повеќе од 3 милиони фунти (околу 3,5 милиони евра).

Иако помина многу време од пожарот, дури сега се објавени фотографии од изгорените урнатини. Сопственикот на колекцијата ги чувал автомобилите во две хали, а пожарот го погодил исклучително силно.

Иако повеќето од автомобилите се осигурани, во колекцијата имаше неколку исклучителни уникати, па нивната загуба е ненадоместлива. Неименувани извори за британски „Сан“ изјавиле дека сопственикот тешко се справува со загубата.

Според објавените информации, меѓу запалените автомобили, неповратно се изгубиле во пожарот: Aston Martin AMV12S, Aston Martin Zagato, BMW M2, Fiat 695 Biposto, Ferrari 250 GTE, Ferrari 355 Fiorano, Ferrari 360 Spider, Ferrari 599GTO, Ferrari F12tdf, Ferrari GTC4 Lusso, Ferrari Pista, Ferrari 812SF, Jaguar XJ220, Lamborghini, Lexus LFA, McLaren 650S, McLaren 675LT, McLaren Senna, Porsche 991 Endurance Cup и Porsche Carrera GT.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи