Први внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, се гласа „за“ или „против“ реизбор на Заев

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Околу 69.000 членови на СДСМ денеска ќе избираат претседател на партијата на први директни, внатрепартиски избори. Единствен кандидат претседател е актулениот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев. За неговата кандидатура треба да се изјаснат сите активно регистрирани членови на СДСМ.

Изборите ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 19 часот.

Одлуките за следните позиции во хиерархијата на СДСМ ќе се носат кон крајот на април, кога Заев прво ќе треба да го утврди својот предлог за негов заменик, за чиј избор потоа ќе одлучуваат делегатите на конгресот.

На денешното гласање не се очекуваат поголеми изненадувања во поглед на исходот од внатрепартиски избор, односно реизборот на Зоран Заев e повеќе од извесен бидејќи тој е и единствен кандидат, а на гласачкото ливче членовите ќе може да заокружат „за“ или „против“.

Останува неизвесно кои ќе бидат неговите најблиски соработници на „Бихаќска“ во новиот мандат на чело на партијата, со оглед на кадровските промени што тој ги најави.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи