Шефица на Европска комисија: ЕУ не може да донира вакцини на посиромашните земји

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Европската унија во моментов не може да донира вакцини против коронавирус на посиромашните земји, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе“, рече Фон дер Лајен за „Функе медиа груп“.

Сепак, шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата Ковакс и напорите на Светската здравствена организација да им се обезбеди пристап до вакцините на посиромашните земји.

„Европската унија инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји“, рече Фон дер Лајен.

Механизмот што и овозможува на Унијата да споделува вакцини директно со другите земји нема да започне, како што рече шефицата на Комисијата, „сè додека немаме подобра состојба на производство во ЕУ“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи