Утре во Париз УНЕСКО ќе ја чествува 100 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Блаже Конески

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Утре, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се одржи настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески. Јубилејот е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО, а настанот е закажан за 16 часот, и ќе може да се следи на следиот линк.

Со настанот се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, a утре ќе биде соопштен и лауреатот на годинашното 60. издание на Струшките вечери на поезијата, како и добитникот на наградата Мостови на Струга, која се доделува во соработка со УНЕСКО. Настанот е дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука (МОН).

„Со организирањето на овој настан, се враќа некогашната традиција со која одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и соопштувањето на добитникот на Златен венец, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, како и на добитникот на Мостови на Струга, награда за најдобра дебитантска поетска книга под покровителство на УНЕСКО, се реализираат токму во Париз, во седиштето на оваа престижна Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации“, вели Министерството за култура.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи