Филипче: Од утре продолжува полицискиот час од 22 до 05 часот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител.

Тој истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа о текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти.

„Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови“, кажа Филипче.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи