Лавините кај Бигорски манастир расчистени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир сношти паднаа три лавини, информираше градоначалникотна општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

 „Стануваше збор за три лавини, една поголема и две помали, пред и по бензинската пумпа кај Бигорски манастир, кои на коловозот донесоа над 1.500 кубни метри снег,  дрвја и камен. Најпрво беа пробиени  наносите, а потоа и исчистен материјалот“, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат”.

Градоначалникот Куртовски, на чија територија е овој дел, кажува дека веднаш биле преземени активности за расчистување на лавините.

 „Лавините паднаа околу 20.40 часот. Веднаш заминавме на самото место со машината со која располагаме како општина. Се обративме до Бигорски манастир, од каде, како и секогаш, ни излегоа во пресрет и пуштија машина. Беше вклучена и дебарската секција на ЈП „Македонија пат”, а потоа и машина на компанијата „Кнауф Радика”. Искажувам голема благодарност на сите ангажирани“, изјави за МИА, Куртовски.

„Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците беше со лесна повреда на ногата. Не сакам ни да помислам  каква трагедија можеше да се случи“, додава тој.

Поради лавините, сообраќајот беше целосно во прекин. Локацијата каде што беа паднати лавините е позната по вакви појави, но, за среќа, досега не се регистрирани несакани последици.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи