Над 155.000 невработени лица во 2020 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Република Северна Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто.

Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, 39,3 отсто жени,

Според возраста, најмногу  невработени (98 362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158 135 лица, трговијата на големо  и мало 116 970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95 545…

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи