Русија лансираше ракета „Сојуз“ со 38 странски сателити

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во Руската Федерација, денеска успешно се лансираше ракета „Сојуз 2.1а“ заедно со 38 сателити од други држави, објави руската вселенска агенција „Роскосмос“.

Полетувањето се случи утрово на космодромот Бајконур во Казахстан. Целта на мисијата е во Земјината орбита да се постават 38 сателити од 18 други земји, меѓу кои и од Јужна Кореја, Јапонија, Канада, Саудиска Арабија, Германија, Италија и Бразил.

Меѓу нив е и „Челинџ-1“ – првиот сателит направен целосно во Тунис.

Полетувањето првично беше предвидено за во саботата. Но, беше одложено поради технички проблеми – прво за вчера, па за денеска.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи