СДСМ Прилеп: Изворот на лажните вести во државата има име и презиме – Христијан Мицкоски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Уште еден во низата докази дека главниот извор на пласирање лажни вести во државата има име и презиме, а тоа е Христијан Мицкоски. Се вели во денешната реакција на ОО СДСМ Прилеп, откако денеска на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христин Мицкоски, објави фотографии за кои вели дека се направени во училиште каде се извршувале внатрепартиските избори на СДСМ.

 

Реакцијата ја пренесеуваме во целост.

 

„Во целосен очај, со „разнишана“ лидерска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен свесно да манипулира дека Општинската организација на СДСМ-Прилеп злоупотребила простории на училиште за внатрепартискиот изборен процес.

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, кој е во целосен распад, никој не нашол за сходно да го извести Мицкоски дека фотографијата на која се повикува, е направена во Домот на урбаната заедница „Тризла“, каде во една од просториите е поставена училишна табла и каде се одвиваше дел од вчерашното гласање.

Мицкоски и апологетите на неговите лажни вести, никако да разберат дека времето кога образовните и другите државни институции беа во функција на партијата и на најбезобразен начин се злоупотребуваа во партиски цели, заврши и никогаш повеќе нема да се повтори.

Вчера, СДСМ уште еднаш потврди дека е партија на реформите, модернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси во државата“, се вели во реакцијата на СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи