Утринава 14 см снежна покривка во Прилеп, температура до -1 степен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

До утрово највисока снежна покривка од 40 см  во Маврови Анови, 39 Крушево, 33 Ѓуриште, 31 Попова Шапка, Пожаране, 26 Дебар, 24 Тополчани, 20 Битола, Претор, 15 Куманово, 14 Прилеп, 11 Тетово, 10 Берово, 7 Штип, 4 Кр. Паланка, 1 Д. Капија.

Утрово најстудено со -6 степени беше на Попова Шапка, -4 Маврово, -3 Крушево, -1 Дебар, Берово, Прилеп, 0 Охрид,Штип, Скопје-Петровец, Претор, Скопје Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Битола, 1 Виница, 2 Струмица 3 Гевгелија 4 Дојран.

Во текот на ноќта и утринава се задржа облачно со врнежи, кои беа претежно од снег. Поголеми количества воден талог до 01 часот имаше во западните делови од земјата. Утринава врнежите се од снег и се со слаб интензитет, а поинтензивен ветер дува на повисоко во Пелагонија.

Времето денеска  облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи