Чуму му се домашни работници ако не се заштитени!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Домашната работа во Република Северна Македонија е сектор со висок удел на работниците од ранливите категории, при што голем број од нив се неформално вработени. Сектор кој ретко е признаен како индустрија што се состои од работници и работодавачи во работен однос. Домашните работници најчесто се корисници на социјална парична помош без разлика на етничката припадност кои заработуваат допонителен приход за помош на семејството.

Во согласност со Конвенцијата за пристојна работа за домашните работници, домашната работа се дефинира како работа што се врши во или за некое домаќинство или домаќинства, додека домашен работник значи секое лице што врши домашна работа во рамките на работен однос.

Домашната работа и натаму е потценета и невидлива каде се врши дискриминација во однос на условите за вработување и работа, но пред се кршења на човековите права. Најголем процент на работници во домашни услови се јавуваат девојките и жените, и тоа како негователки при помош на стари лица, помош на лица со посебни потреби, чистење, шиење, и сл., додека мажите ја работат физичката работа како цепење дрва, косење трева, земјоделски активности, градежни работи, и сл. Домашните работници, исто така, се изложени на ризици затоа што нивната работа се врши во приватни домаќинства што често се надвор од дофатот на инспекциските служби и надзорот од страна на надлежните органи. Проблемот е тоа што овие работници не се во функција на системот, и најчесто се непријавени и добиваат дневници.

Во земјите во развој тие заземаат најмалку од 4 до 12 проценти од платеното вработување. Околу 83 проценти од овие работниците се жени или девојки. Потребата на оваа категорија работници е да се вклучат во системот на државата и да бидат третирани како и другите работници во согласност со позитивните законски регулативи од областа на трудот и безбедноста при работа и Конвенцијата за пристојна работа за домашните работници бр.189/2011 од Меѓународната организација на труд донесена на Генералната конференција на 16 јуни 2011 година.

Здружение Достоинствен Работник го реализира проектот „Социо-економските ефети од Ковид-19, национален и локален одговор за заштита на работниците од неформалната економија од општина Прилеп“ со поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. Целта на проектот е да се обезбеди проактивна анализа, едукација, солидарност и заштита на домашните работници во локалната заедница и предлагање на нови мерки и политики во насока на заштита и подобрување на состојбата на работниците кои функционираат во рамките на неформалната економија, предизвикана како последица од Ковид-19 пандемијата.

Како граѓанска организација потенцираме дека домашните работници мора да ги уживаат истите трудови права како што им се достапни на останатите работници: разумно работно време, седмичен одмор од најмалку 24 последователни часа, ограничување на плаќањето во натура, јасни фундаментални принципи и права на работа, меѓу другите вклучувајќи и слобода на здружување и право за колективно договорање. Потребата од земјата и од позитивните законски регулативи за помош и заштита на домашните работници треба да обезбедат специјални мерки на заштита на оние работници кои поради младата возраст, националноста и статусот на резидентност се изложени на допонителни ризици во споредба со останатите работници. Исто така, ќе иницираме во локалните заедници да се организираат колективни акции, социјален дијалог во трипартитни структури и во определени случаеви, колективно договарање за подобрување на работните услови и заштита на домашните работници од ризикот да бидат ангажирани во неприфатливи форми на работа.

Ги повикуваме институциите на системот посебно МТСП и ДИТ да застанат зад оваа иницијатива со цел заеднички да ги подобриме условите за работа на оваа категорија на работници во општеството и нивна поддршка во остварување на правото на работен однос во согласност со Законот за работни односи.

 

Автор: Рубинчо Аризанкоски, Здружение Достоинствен Работник

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи