Борисов по телефон му го честиташе реизборот на Заев за лидер

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, разговараше на телефон со шефот на македонската влада, Зоран Заев, за да му го честита реизборот како претседател на СДСМ. И Борисов и Заев објавија на ФБ за телефонскиот разговор.

„Денеска имав телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. Му се заблагодарив за честитките што тој ги искажа за мојот реизбор за претседател на СДСМ и му посакав успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.

Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија 🇲🇰 и Бугарија 🇧🇬 и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ“, напиша Заев.

„Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија, и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се усогласивме дека решенија што ние мора да ги превземеме во духот на Договорот за добрососедство и пријателство, не бива да се одложуваат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина “, објави Борисов.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи