Почина проф. д-р Тале Герамитчиоски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Професор д-р Tале Герамитчиоски (59), поранешен заменик-министер за образование и пратеник на СДСМ, почина синоќа, според информациите, од компликации од ковид-19.

Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.

„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша на фејсбук заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи