Седницата за гласање за петтиот пакет мерки одложена на неопределно, се чекаат пратениците да оздрават

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Денеска во Собранието беше откажана пленарната седница на која требаше да бидат изгласани законите од петтиот пакет за економска помош за физичките лица и за работодавачите заради справување со кризата предизвикана од пандемијата.

Тенкото владеачко мнозинство го нема потребниот кворум и им недостасува еден пратеник кој е болен од Ковид-19. Кај опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ бара законите за државна помош да се стават на посебна седница за, како што велат од таму, за да не прават кворум за „другите штетни закони“, додека коалицијата Алијанса/Алтернатива останува на уцената дека ќе даде поддршка, но само ако се изгласа законот со кој ќе може да се стекнува државјанство со тројца сведоци. Од Левица, која има двајца пратеници, засега не се изјаснуваат децидно.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, и денеска повтори дека најголемата опозициска партија ќе овозможи кворум, но само ако на седницата станува збор за анти-кризните закони.

„Решението за донесување на итни закони не е во соопштенија за јавност. Компаниите и граѓаните немаат време за чекање, а нивните проблеми не ги решаваат политички сплетки. Потребна е итна седница на Собранието на која ќе се дискутира единствено за законите поврзани со економска помош. Со волја на мнозинството таква седница може да се закаже и оддржи уште денес. Се друго е демагогија и дневна политика“, повикува Муцунски.

Талат Џафери, претседателот на Собранието, вели дека владеачкото мнозинство сепак ќе чека сите нивни пратеници да бидат здрави, а седницата е одложена за неопределено време. Спикерот, сепак ги повика пратениците да се договорат и „да си ги заработат платите“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи