ССМ: Околу 100.000 работници земаат минимална плата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Бројката на работници кои примаат минимална плата се зголеми на околу 100.000 поради непочитување на законите и колективните договори од страна на несовесните работодавачи, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

„Во 2011 година, кога ССМ на 1-ви Мај ја започна кампањата за потребата од донесување на закон за минималната плата, 60.000 до 70.000 работници беа на границата или земаа плата во висина на минималната плата. Денес, со зголемувањето на минималната плата, поради несовесните работодавачи и урамниловката која се направи поради тоа што работодавачите наместо да ги почитуваат законите и колективните договори и спирално да ги зголемуваат останатите плати, тие спротивно на закон исплаќаат плата на работници само во висина на минималната плата, иако тоа е не законски, па така бројката на работници кои примаат минимална плата порасна на околу 100 000 работници“, наведува ССМ во соопштението.

ССМ смета дека минималната плата треба да се зголеми на 60 проценти од просечната и да изнесува не помалку од 16.976 денари. Усогласувањето на минималната плата што секоја година се случува во март, според нив, не е доволно. Нивните пресметки покажале дека согласно критериумите за усогласување, во март минималната плата би се усогласила за 3.17 проценти.

„Минималната нето плата сега изнесува 14.955,00 ден. зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и минималната плата од 14.934, 00 ден. се зголеми за 21 ден, а со ова усогласување во март 2021 годинава, нето минималната плата ќе порасне за 446 денари (15.401) или во бруто износ, истата ќе изнесува 22.466,00 денари. Потсетуваме дека намалувањето во минус на БДП согласно параметрите, не може да значи пораст и ги потсетуваме надлежните дека минусот на одреден параметар како што е случајот со БДП, во никој случај неможе да значи пораст или плус на бруто домашниот производ“, велат од ССМ.

Апелираат утре на собраниска седница да бидат изгласани законите од петтиот пакет антикризни мерки меѓу кои е и финансиската поддршка за исплата на платите за февруари и март.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи