ВИДЕО – Им течат фекалии по улицата и дворовите, живеат во неподнослива смрдеа – улицата „Беровска “ во Прилеп

 

50-тина жители на дел од улицата „Беровска “ во Прилеп живеат како пред 100 години. Имаат канализација, која не е фунционална, фекалиите често пати велат дека им течат по улицата и им влегуваат по дворовите и куќите. Поради тоа дел од нив користат септички јами. Особено во лето велат дека не се живее од неподносливата миризба. Повеќе од 10 години барале помош од Општина Прилеп, но никој не сакал да им помогне.

 

 

„И сите фекалии тука течат и ние со раце ги фаќаме. Се што доаѓа одозгора на улицата, доаѓа тука кај нас и сето ми влегува во куќата. 30 години ние седиме тука никој не дојде да не праша како вии е улицата“, рече Назмие Селимова, жител на улицата „Беровска“.

 „Пред вратата вода има, тоалет неможам да приклучам, немам канализација. Бараме да се направи, овој градоначалников нема интерес за ништо. Не може ниту Итна помош да влезе тука, ниту такси, ниту ништо“, додаде Сузана Велиоска, жител на улицата „Беровска“.

Постоечката канализација ја изградиле со свои средства пред 30-тина години, но сега цевките се искршиле бидејќи била поставена само на 20-тина сантиметри длабочина. Бараат поставување на комплетно нов систем.

„Треба да се направи бидејќи онде е затворен каналот и нема каде да оди водата, потоа целата ми влегува во дворот, се поплавуваме и не се поминува“, кажа Ферди Јашароски, жител на улицата „Беровска“.

 „Оваа шахта кога ќе се затвори целата вода ми влегува во дворот“, истакна Фатима Алиоска, жител на улицата „Беровска“.

 „Кога ќе заврне дожд оваа канализација не фунционира и бидејќи не е асфалтирана улицата доаѓа кал и песок и се е запушено“, рече Јадранка Јашароска, жител на улицата „Беровска“.

Од Општина Прилеп ни рекоа дека во план било ова градежна сезона да се асфалтира улицата, а додека од ЈКП „Водовод и Канализација“ дека ќе пратат екипи да се санираат дефектите. Но не е јасно зошто институциите и покрај апелите чекаат со децении граѓаните да живеат во вакви неподносливи услови и не превземаат ништо.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи