Вработените во даночно бараат затворање на одделението, од Општина велат се работи според сите протоколи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Вработените во даночното одделение во Општина Прилеп бараат затворање на одделението откако таму се појавија 4 случаи на позитивни од Ковид 19, а еден наш сограѓанин вработен во одделението за жал и почина од корона вирусот минатата недела. Во реакцијата која ја доставија до нашата редакција велат дека иако побарале затворање не им било дозволено од страна на градоначалникот.

„Во ноември вратите на Општина Прилеп беа потполно затворени иако во институцијата немаше активни случаи, а сега не сакаат да го затворат одделението. Немаме ниту редар, ниту средства за дезинфекција, се загрозува и нашето и здравјето на граѓаните. Во одделението не е извршена ниту дезинфекција на просториите. И што е најважно никој од вработените кои имавме контакт со позитивните немаме добиено решение за изолација“, велат вработените кои реагираа до Инфо Компас.

Од Општина Прилеп пак признаваат дека има вработени позитивни од Ковид 19, но велат дека се работело според сите протоколи.

„Во даночното одделение се работи според строго пропишани критериуми и правила. Вработените одат на работа наизменично, односно еден ден работат со физичко присуство во објектот, а другиот ден работат онлајн од дома. Максимално се превземени сите мерки за заштита како на вработените така и на граѓаните кои ги користат услугите таму. Во моментов нема простор за никаква паника, ниту пак за целосно затворање на одделението. Во сите одделенија на Општината се работи според строго пропишани правила“, велат од Општина Прилеп.

Инаку во одделението се вработени 14 мина, од кои сега работат 10.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи