Заев очекува масовна имунизација до крајот на месецов, или почетокот на наредниот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Премиерот Зоран Заев очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Првите количини преку „Ковакс“ системот се очекуваат до крајот на месецов, а следната недела и втората доза за трите илјади вакцини од „Спутник“.

„Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од „Ковакс“ системот. На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник” кои се користат за здравствените работници, изјави Заев.

Покрај здравствените домови и здравствените установи каде може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи