Променливо време со сончеви периоди и снег – од утре стабилизирање на времето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локално провејување на снег. Само на некои пониски места ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени.

Од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе бидат во постепен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи