Во Белград ќе се вакцинираат бизнисмени и нивни вработени од Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез. Како што е најавено, обезбедени се 10.000 вакцини.

„Само заедно можеме да ја победиме чумата. Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го победиме ова зло. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број наши бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само тогаш целиот регион може да оди напред“, рече Кадез, кој е и претседател на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Тој додава дека потребно е само компаниите од регионот да контактираат со нивните стопански комори, кои ќе организираат вакцинација во Белград во координација со Српската стопанска комора.

„Со оваа акција исто така се потврдува слоганот на Коморскиот инвестициски форум – Еден регион, една економија. Можеме да потврдиме дека во рамките на Стопанската комора на Македонија во текот на денешниот ден се остварува интензивна активност да се направи најдобриот можен избор на лица од бизнисот чии работни места неопходно се врзани за патување, движење и контакт со многу луѓе, да на овој начин станат оперативно способни да можат да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата во борбата против пандемијата“, посочува Бранко Азески, првиот човек на Стопанската комора на Македонија.

Во Србија изминатиов викенд се вакцинираа 105 медиумски работници, преку Македонската асоцијација на новинари (МАН), а Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество на вакцини за своето членство, исто така во Србија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи