Конференција за вмрежување и поврзување на младите од Македонија и Грција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Младинскиот сојуз – Крушево организира дводневна Конференција за вмрежување и поврзување на младите од Македонија и Грција со носителите на одлуки во двете земји.

На конференцијата која ќе биде од хибриден формат (комбинација од физичко и онлајн присуство) ќе учествуваат над 110 млади луѓе од двете земји, а учесници-панелисти ќе бидат претставници на академската заедница, граѓанскиот сектор и јавните институции, а покрај организаторите, на отворањето на Конференцијата се најавени обраќања на амбасадорите на Германија, Анке Холштајн, на САД, Кејт Мери Брнз, како и на Грција, Русос Кундурос.

За времетраењето на настанот, учесниците ќе креираат и предлог документ со политики и активности кој во себе содржи конкретни чекори и кој ќе се испрати до министерствата за надворешни работи на двете земји со цел продлабочување на билатерална соработка помеѓу двете земји во делот на младинската политика.

Исто така, ќе бидат презентирани и резултатите од истражувањето за перцепциите на младите луѓе во 2020 година кое беше спроведено од Младинскиот сојуз во рамките на иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Македонија и Грција.

Конференцијата претставува финален дел од првата фаза на спроведување на иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Македонија и Грција од страна на Младински Сојуз – Крушево.

Иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Македонија и Грција се базира на пренесување на добрите практики од процесите на помирување во западноевропските земји, првенствено меѓу Германија и Франција, односно Германија и Полска, како и мултилатералните искуства на младинската соработка од земјите од Балтикот и регионалната канцеларија за младинска соработка во земјите на Западниот Балкан (RYCO).

Проектот е поддржан од амбасадите на Германија и САД.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи