Полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ – приведени 21 лице, запленети пари, мобилни, дрога и автомобили

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ.

Неофицијално, извори од истрагата за „360 степени“ велат дека акцијата се спроведува со цел апсење криминална група која се занимавала со трговија на дрога. Приведени се 21 лице, при што се пронајдени и запленети пари, мобилни, дрога, автомобили.

Приведените во моментов се наоѓаат во Полициската станица Карпош, по што ќе бидат предадени пред обвинител, а потоа изнесени пред суд.

Акцијата ја координира и ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заедно со Министерството за внатрешни работи, а вклучени се специјалните полициски сили.

Од МВР најавуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи