Денес состанок на Комисијата за заразни болести – дали ќе има нови мерки?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

За денес е најавен состанок на Комисијата за заразни болести, на која ќе се разгледува состојбата со корона вирусот. По порастот на бројките на новозаболени, на последниот состанок неделава, Комисијата не препорача нови мерки, освен што се продолжи полицискиот час до 6ти април. Јавноста е во исчекување на нови, поостри мерки по деновите кога бројките на новозаболени секојдневно се над илјада. Веќе неколку дена во земјата се регистрирани по над 1.000 новозаразени. Зголемен е и бројот на починати лица. Деновиве регистрирани беа починати лица на возраст од 23 ,24, 35 и 38 години како најмлади жртви на вирусот.

Министерот за здравство пред неколку дена потврди дека Македонија се наоѓа во трет, силен бран на коронавирусот.

„Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува“, велат од Министерството.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи